На минатиот Вимблдон немаше руски и белоруски тренисери поради инвазијата во Украина, а оваа година ќе ги има, но со посоебни услови.
Англичаните воведоа нови правила за тенисерите од овие земји и ако не се придржуваат ќе бидат казнети со елиминација. На терените нема да смее да има истакнато руски или белуриски знамиња, симболи, грбови, ниту на било кој начин нема да може да се искажува поддршка на Украина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нема да смее да има ниту поддршка за личности како Владимир Путин или Александар Лукашенко.
Исто така од тенисерите ќе се бара да прекинат било каква соработка со компаниите од нивните земји, посебно спонзорите кои се видливи.
Се истакнува дека нема да смеат да се носат и дресови од руски или белоруски клубови. Ова е посебно истакнато затпа што Анастасија Потапова на Индијан Велс се појави со дрес од Спартак Москва.
Овие правило секако важат за сите тенисери, навивачи и посетители на терените од овие две земји и исклучоци нема да има.