Дома Македонски спорт Мак баскет Инцидент по „вечното дерби“: Каменуван автобусот на МЗТ Скопје

Инцидент по „вечното дерби“: Каменуван автобусот на МЗТ Скопје

Како што објавија од МВР, автобусот со кошаркарите на МЗТ по вчерашното дерби против Работнички бил каменуван.

Во соопштението од полицијата се наведува дека за среќа немало повредени, но е направена материјална штета, со напомена дека се работи на расчистување на случајот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Засега непознати лица вчеравечер околу 22:50 часот го скршиле стаклото на автобусот кој ги пренесувал кошаркарите од враќањето од натпреварот одигран во Гостивар.

Автобусот бил каменуван на улицата „Васко Карангелевски“ во близина на спортската сала „Јане Сандаски“ која кошаркарите на МЗТ Скопје ја делат со ракометарите на Вардар.

Лидерот на табелата Работнички во вчерашното „вечно дерби“ славеше победа над МЗТ со 97:74, натпреварот беше одигран без публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…