Светско првенство на секои две години нема да го намали сјајот на турнирот затоа што неговата зачестеност не би влијаела на квалитетот и престижот, смета претседателот на Светската фудбалска организација ФИФА.
Инфантино беше еден од гостите кои присуствуваа на десетгодишната на конференцијатја „Ерусалим Пост“. ФИФА и понатаму не се откажува од идејата за Светско првенство на две години. Во овој момент се води студија за изводливоста и покрај критиките кој тој предлог ги доби од клубовите, федерациите, играчите, навивачите…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Веќе е одлучено Светското првенство во 2026 година да биде со 48 репрезентации. Дали ќе се одржува на секои две или четири години, тоа е во фаза на советување. Токму затоа што се работи за така фантастичен турнир треба да се игра почесто“.
УЕФА во септември остро ја критикуваше идејата на ФИФА за Светско првенство на секои две години. УЕФА ја повика ФИФА да престане да се занимава со таа тема и место да се вклучи во констулација за реформа на меѓународниот календарн а натпревари.
Сепак, Инфантино не се откажува.
„Угледот на некој турнир зависи од неговиот квалитет, не од тоа колку често се игра. Секоја година имате Супербол, Вимблдон и и Лига Шампиони и повторно сите едвај ги чекаат“, порача Инфантино.