Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен е многу блиску до трансфер во Интер, пренсуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Ериксен завршува на крајот на сезоната и може на лето како слободен агент да се пресели во Милано, но „нероаѕурите“ го сакаат веднаш.
„Спарси“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра, Интер понуди 15, па двете страни продолжија со преговорите.
Последните информации се дека Интер вклучил и 3 милиони како бонуси на понудата од 15 милиони, па во наредните часови се очекува трансферот да биде потврден.
#Eriksen: l’#Inter aggiunge 3 milioni di bonus ai 15 di offerta presentata ieri mattina. #Tottenham circondato
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) January 16, 2020