Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик би можел да се пресели во Интер во зимскиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“.
Милик влезе во последната година од договорот, но ова лето не го напушти Наполи, иако беше на излезна врата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наполи сака во јануари да го продаде 26-годишниот напаѓач, бидејќи тоа е последната шанса да заработи од неговото заминување.
Милик нема ниту една одиграна минута оваа сезона и сака што побрзо да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.
Наполи за слободата на Полјакот бара 15 милиони евра, додека „нероаѕурите“ се спремни да понудат 10 милиони евра.