Интер не успеа да го донесе Лука Модриќ минатото лето, па сега ќе се обидат да го донесат неговиот сонародник на „Џузепе Меаца“.
Според каталонски „Спорт“, Интер подготвува напад на ѕвездата на Барселона, Иван Ракитиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно „нероаѕурите“ се спремни да понудат 90 милиони евра за да ја убедат Барселона да го пушти Хрватот.
Притоа, Интер е спремен да му понуди на Ракитиќ 5-годишен договор „тежок“ 5 милиони евра по сезона.
Хрватскиот плејмејкер се уште го нема продолжено договорот со Барселона, па можно е на лето да сака да ја промени средината и да побара нов предизвик во кариерата.