Дома Трансфер зона Интер спрема „напад“ на Канте во јануари

Интер спрема „напад“ на Канте во јануари

Нголо Канте беше голема желба на Интер во летниот преоден рок, но „нероаѕурите“ не успеаа да го донесат Французинот во Милано.

Вчера „Паризиен“ информираше дека Канте не е во добри односи со тренерот Лампард и побарал од раководството да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна Канте влегол во конфликт со тренерот Френк Лампард, откако не добил дозвола порано да го заврши тренингот поради приватни причини.

После тоа Канте донел конечно одлука да го напушти Челзи што е можно поскоро и преку својот агент го известил раководството на „сините“.

Интер сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Џузепе Меаца“ во јануари, бидејќи е голема желба на тренерот Конте.

„Нероаѕурите“ веќе спремаат понуда, а како дел од трансферот Скриниар може да заврши на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…