Дома Трансфер зона Интер се уште жали за продажбата на Кутињо: Тоа беше голема грешка!

Интер се уште жали за продажбата на Кутињо: Тоа беше голема грешка!

Раководството на Интер се уште не ја заборавило продажбата на Филипе Кутињо, кој во меѓувреме се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер го продаде Кутињо во Ливерпул за 13 илиони евра, а Бразилецот минатата година направи трансфер во Барселона од 160 милиони евра.

„Мојата најголема грешка беше продажбата на Кутињо. Ќе бидам искрен, не стануваше збор за финансиски проблем. Веднаш откако го продадовме Кутињо за 13 милиони евра ги купивме Ковачиќ и Икарди. Вистина е дека се уште жалам за продажбата на Филипе“, изјави спортскиот директор Пјеро Аусилио.

Аусилио притоа потврди дека во 2015 година биле многу блиску до ангажман на Дибала, но тој го избрал Јувентус за да игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…