Дома Трансфер зона Интер се вклучи во трката за Вајналдум

Интер се вклучи во трката за Вајналдум

Интер се вклучи во трката за потписот на играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум.

Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „црвените“ истекува на крајот на сезоната и двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајналдум веќе во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, а интерес за него покрај Интер покажуваат уште Барселона и Реал Мадрид.

Клубот од „Енфилд“ ќе направи се за да го задржи играчот во своите редови и му понудил 3-годишен договор со значително зголемување на платата.

Во следните два месеци Вајналдум треба да одлучи дали ќе стави потпис на нов договор со Ливерпул или сепак ќе ја промени средината идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…