Белгискиот репрезентативец Јан Вертонген е на излезна врата од Тотенхем, а според последните информации големи се шансите кариерата да ја продолжи во Серија А.
Вертонген влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување, па е слободен да преговара со заинтересираните клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов за 32-годишниот дефанзивец покажува Интер, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент, пренесува „Газета дело Спорт“.
Конте бара замена за Годин кој е на излезна врата и верува дека Холанѓанецот е идеално решение бидејќи може да пристигне без обештетување, притоа има големо искуство.
Вертонген е отворен за преселба во Милано и двете страни се блиску до договор.