Дома Трансфер зона Интер продолжува да се засилува без пари – следен е Ешли Јанг

Интер продолжува да се засилува без пари – следен е Ешли Јанг

Раководството на Интер минатото лето ги донесе Квадво Асамоа и Стефан де Вриј како слободни агенти, а истиот принцип ќе го примени и следното лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот Марота се насочил кон доведување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг.

„Мирор“ пренесува дека „нероазурите“ сакаат да го донесат Англичанецот во своите редови како слободен агент, со оглед на фактот дека неговиот договор му истекува по крајот на оваа сезона.

Сепак, Јунајтед има опција автоматски да го продолжи договорот со играчот на уште една година. Со оглед на фактот што „црвените ѓаволи“ се уште не ја искористиле таа опција, Интер ќе се обиде да го донесе Ешли Јанг во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…