Дома Фудбал Италија Интер прави стратегија за да го симне Јувентус од врвот!

Интер прави стратегија за да го симне Јувентус од врвот!

Генералниот директор на Интер, Алесандро Антонело изјави дека во клубот засилено работат за да ја прекинат доминацијата на Јувентус во однос на фанансиите, организацијата и спортските успеси.

Антонело потенцираше дека токму Интер е последниот клуб од Апенините кои освоил тројна круна и дека „нероаѕурите“ имаат потенцијал да го симнат Јувентус од врвот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ние работиме за да му се доближиме на Јувентус што е можно повеќе и сме должни да ја намалиме разликата која постои во моментов“, изјави Антонело.

„Не треба да заборавиме дека токму ние сме клубот кој последен ја освои Лигата на шампиони и тројната круна. Веројатно Јувентус е еден од најдобрите клубови во светот, но ние сме спремни да ги победиме. Имаме стратегија и план како да напредуваме во сите аспекти“, додаде директорот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…