Интер има финансиски проблеми и тоа некои клубови се обидуваат да го искористат.
На адреса на миланскиот клуб пристигнала понуда од Лондон, поточно од новиот шампион на Европа, екипата на Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сините“ за Белгиецот понудиле 90 милиони евра и Маркос Алонсо, објавија италијанските медиуми. Сепак, Интер веднаш ја одбил понудата,
Интер веќе го изгуби Ашраф Хакими кој премина во ПСЖ, замина и тренерот Конте, па заминување на Лукаку веројатно би било премногу.
Лукаку веќе играше за Челзи од 2011 до 2014 година и собра повеќе од 15 настапи. Во главно беше испраќан на позајмици, за на крајот да го откупи Евертон.