Дома Фудбал Италија Интер на маки: Цел свет му се смее на европскиот гигант!

Интер на маки: Цел свет му се смее на европскиот гигант!

Интер со години не успеа да пронајде вистински пат до европскиот фудбалски врв, а како што стојат работите, навивачите на поранешниот шампион на Европа за нови успеси ќе мораат да почекаат за подобри времиња.

Додека големите клубови брзо се подготвуваат за новата сезона, додека играчите се купуваат со многу високи цени и додека, во Интер е најтешко, локалниот ривал Милан енергично се засилува, овој гигант покажува интерес за речиси секој квалитет фудбалер кој е достапен на трансфер пазарот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Токму поради тоа овие денови Интер е предмет на исмејување. Италијанските медиуми наброаја дури 60 играчи за кој клубот од Милано покажа интерес изминативе недели и месеци. Но, не доведоа никого.

Интер не може да купува. Минусот е напраен минатото лето кога клубот потроши цели 150 милиони евра на засилувања, а резултатот кој го постигнаа не беше добар. Во клубот не пристигнаа големи пари поради слабите резултати во Европа, па сега мора прво да продадат за да можат да купат. Разликата помеѓу двете колони во финансискиот извештај е 60 милиони евра. Токму толку им треба во касата од продажба на играчи за да можат да купат. А крајот на агонијата не може да се види.

Излогот е долг и широк: на продажба се речиси сите играчи како Стеван Јоветиќ, Иван Перишиќ, Марсело Брозовиќ, Евер Банега. Заинтересираните чекаат како да е „пет до дванаесет“. Бидејќи знаат дека Интер мора да продава. Додека Серија А од ден на ден е се посилна и посилна, додека одличниот Јувентус прави тим за конечен напад на трофејот во ЛШ, додека Милан и Рома силно се засилуваат, Интер чека и чека. Кинеските сопственици имаат пари, но не и право да трошат. Тешко лето е пред клубот пред кого некогаш многу гиганти паѓаа на колена. Крајот на агонијата не е ниту на повидок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…