Раководството на Интер веќе започна потрага по наследник на десниот бек Жоао Кансело.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кансело минатата сезона играше на „Џузепе Меаца“ како позајмен фудбалер од Валенсија, но „нероаѕурите“ не ја искористија опцијата за негов откуп за 35 милиони евра.
Португалските медиуми тврдат дека Интер веќе ја пронашол замената и тоа во Спортин Лисабон, а станува збор за десниот бек Кристиано Пичини, кој одигра одлична сезона во Португалија.
Интер е спремен да понуди 15 милиони евра за потписот на Пичини, а тоа наводно ќе ги задоволи апетитите на Спортинг Лисабон.