Италијанските гиганти изненадувачки се вклучија во трката за потписот на Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед.
Мегваер го загуби местото во стартниот тим на Манчестер Јунајтед и клубот сака да се ослободи од него во летниот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
29-годишниот дефанзивец е спремен да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.
Интер и Јувентус ја следат ситуацијата и сакаат да го доведат на позајмица со право на откуп.
Интерес за Мегваер покажува и Вест Хем, кој веќе испрати понуда од 20 милиони фунти за неговиот потпис.