Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и ПСЖ би можеле да напават голема трампа во јануарскиот преоден рок.
„Нероаѕурите“ се силно заинтересирани за Хавиер Пасторе кој не добива голема минутажа во Париз и е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фаворит за неговиот потпис е Интер, меѓутоа „светците“ не сакаат да го пуштат за сума помала од 30 милиони евра.
Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека може да дојде до размена помеѓу двата клуба, со оглед на фактот што ПСЖ е заинтересиран за Жоао Марио.
Португалецот не се вклопува во системот на игра на Спалети, па раководството на Интер е спремно да го „жртвува“ со цел да дојде до потписот на Хавиер Пасторе.