Миланските гиганти Интер и Милан се силно заинтересирани за младиот дефанзивец на Челзи, Тревор Чалоба, пренесуваат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.
„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба.
Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланските гиганти.
Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра, а и тој самиот потврди дека е заинтересиран за преселба во Серија А.