Интер ова лето заврши неколку одлични трансфери и најави напад на Скудетото, но „нероаѕурите“ се уште не го решиле прашањето на десната бековска позиција.
Прва желба е хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко, кој веќе им кажа ДА на „нероаѕурите“, но договорот со Атлетико Мадрид оди многу тешко.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватот не е задоволен од својотс статус во Атлетико и сака да ја промени средината, особено после одличниот Мундијал.
Атлетико Мадрид продолжува да бара 30 милиони евра за неговата слобода, сума која „нероаѕурите“ не се спремни да ја платат.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер испратил последна понуда од 6 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 18 милиони евра за откуп следното лето.
Сега се чека одговор од страна на „јорганџиите“, па доколку биде негативен миланскиот клуб ќе се насочи кон други мети.