Интер го чека расплетот околу Икарди, но јасно е дека тој не се брза и дека практично го задржува целиот клуб во рака.
Марота и понатаму се обидува да го замени за Диабала, но Јувентус го нуди Квадрадо. Се смета дека Џеко е готова приказна, преговараат околу Барела, но Каљари бара повеќе од 40 милиони со бонуси и не прифаќа млади играчи како замена. Од другата страна, Конте е се поблиску до солуцијата да го врати Ковачиќ кој сака повторно во Интер. И овој пат тоа би била позајмица, Реал нема многу решенија, освен да се согласат во ситуацијата кога Зидан не смета на Хрватот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Матео Ковачиќ има плата од 4 милиони, во прашање е позајмица со право на откуп. Од останатите играчи се работи на доведување на Лукаку и продажба на Икарди, но Интер го сака и Киезa, иако тешко дека ќе доведе играч кој веќе има договор со Јувентус, плус Фиорентина бара огромни пари.
Ситуацијата е следна, во идеален случај Диабала, Лукаку, Џеко и Лаутаро би бил напаѓачкиот покер од соништата, но изгледа дека од тоа нема ништо. Конте би бил задоволен и Киеза на местото од Дибала, но како што рековме и тоа е тешка мисија. И понатаму се размислува за играч од десната страна, а таму прва опција е Лазаро од Херта, но за овој Австриец има доста заинтересирани клубови.
Конте нема да има лесна задача да состави тим, бидејќи треба да продаде многу играчи, но се надева дека Марота ќе го исполни ветувањето и ќе доведе барем уште три играчи, покрај Годин кој пристигна во клубот.