Дома Фудбал Италија Интер донел одлука: За трагичарот Раду нема место во тимот

Интер донел одлука: За трагичарот Раду нема место во тимот

Романскиот голман Лонут Раду (24) направи катастрофална грешка во натпреварот против Болоња кој Интер може да ја плати и со изгубено Скудето.

Раду неочекувано доби шанса против Болоња на местото на Хандановиќ. Бранеше добро до 82. минута кога доби повратна топка од Иван Перишиќ и со таа топка место едноставно да прогира со некој соиграч заврши во неговата мрежа. Киксот на Раду го искористи Сансоне.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со тој пораз Интер на четири кола пред крајот остана на два бода зад градскиот ривал Милан во трката за Скудеото. После катастрофалната вечер која ја заврши во солзи Раду дознал и вести дека наредната сезона Интер нема да смета на его. „Газета дело Спорт“ пренесува дека раководството на „нероаѕурите“ веќе ја донело одлуката.

„Клубот донесе одлука – за Лонут нема да има место наредната сезона. Онана пристигнува, Хандановиќ веројатно ќе добие нов договор. Неговата грешка против Болоња нема никаква врска со оваа одлука на Интер“, пишува италијанскиот медиум.

Сепак, понуди за Раду не недостасуваат.

„Раду сака да остане во Италија. Интерес има од неколку тимови кои се распрашуваа за него. Пред се тука е Лече. Каде и да биде сигурно ќе има мотив да ја поправи лошата слика која за него се создаде по киксот против Болоња“, додава „Газета“.

За првиот тим на Интер Раду одигра вкупно само пет натпревари, а претходно беше на позајмици во Авелино, Џенова и Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…