Дома Трансфер зона Интер го обновува хрватскиот тандем – Ковачиќ е примарна цел

Интер го обновува хрватскиот тандем – Ковачиќ е примарна цел

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сериозно работи да го врати во своите редови играчот за врска, Матео Ковачиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ковачиќ го напушти Интер во 2015 година и се пресели во Реал Мадрид, каде не може да се наметне во првиот тим и добива мала минутажа кај Зидан.

Поради тоа Хрватот размислува да ја промени средината ова лето, а Интер по барање на тренерот Спалети сака да го врати во своите редови.

Спалети смета дека Ковачиќ заедно со Брозовиќ и Рафиња ќе формира идеално трио во средниот ред кое ќе може да ја носи играта на „нероаѕурите“ во следните неколку години.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека раководството на Интер веќе работи на трансферот и дека сака да го врати во Милано за истата сума за која што го продаде – 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…