Дома Трансфер зона Интер го купува миленикот на Конте

Интер го купува миленикот на Конте

Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ уште во јануари беа заинтересирани за Шпанецот и внимателно ја следат неговата ситуација во Челзи.

Левиот бек блескаше под водство на Италијанецот во Челзи и е идеален за неговиот стил на игра 3-5-2, па поради тоа Интер ќе се обиде да му ја исполни желбата.

Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат, но за неговата слобода бараат 30 милиони евра.

Интер ќе се обиде да го донесе на позајмица со задолжителен откуп следното лето за 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…