Дома Трансфер зона Интер го донесе првото засилување!

Интер го донесе првото засилување!

Италијанските медиуми пренесуваат дека милански Интер го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за Милан Скриниар од Самдорија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 22-годишен дефанзивец и словачки репрезентативец кој на „Џузепе Меаца“ пристигнува по барање на тренерот Лучијано Спалети.

Целата трансфер операција ќе ги чини „нероаѕурите“ 23 милиони евра, од кои 14 милиони ќе ги платат во кеш, плус во Сампдорија ќе го испратат и младиот Капрари.

Скриниар одигра одлична сезона во Самдорија и го привлече вниманието на многу големи клубови, но Интер беше најбрз и успеа да го донесе во Милано.

Ова е прво засилување за „нероаѕурите“ во новата сезона, но се очекува „жешко“ лето на „Џеземе Меаца“ бидејќи медиумите тврдат дека Интер ќе има голем трансфер буџет и ќе донесе големи засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…