Интер кој е лидер на табелата во Серија А успеа да го договори првото зимско засилување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, канадскиот репрезентатитец Тревор Бјуканан од редовите на Клуб Бриж ќе пристигне во Милано. Бујканан три години го носеше дресот на Бриж, а неговата главна позиција е на крило, но може да се снајде и како бек.
Со репрезентацијата на Канада беше дел и од Мундијалот во Катар во 2022 година. Интер на Бриж за неговите услуги ќе му исплати сума од седум милиони евра. Оваа сума може да биде и поголема бидејќи се вклучени и одредени бонуси во зависност настапите на фудбалерот.