Интер постигна договор за продолжување на соработката со еден од најважните играчи во тимот, Николо Барела, пренесува „Газета дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот репрезентативец ќе добие и зголемување на годишната плата од 6 на 7 милиони евра и наскоро ќе стави потпис на нов договор до 2029 година.
Барела му се приклучи на Интер од Калјари во септември 2020 година за 32,5 милиони и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, пред се Манчестер Сити, но тој преферира да остане во Интер.