Овој фудбалер на „росонерите“ даде интересно ветување…
Франк Кеси се очекува да биде еден од најдобрите фудбалери на Милан во дербито против Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Момчето кое пристигна од Бергамо во текот на летото ја одби Рома бидејќи негова желба беше да се пресели во редовите на Милан.
„Мислам дека направив добар избор, не чека голем натпревар против нашите соседи. Многумина сметаат дека тие се фаворити, но тоа не значи ништо. Мое е да дадам се од себе“, изјави Африканецот.
Навивачите се надеваат на гол и војнички поздрав.
„Не е војнички туку, полициски. Мојот татко е полицаец, па така покажувам почит кон него“, доде одличниот фудбалер.
Тој не постигнува многу голови, но негов сон е да ја затресе мрежат на „нероаѕурите“.
„Ако постигнам гол и ние победиме, ветувам дека ќе одам пеш до Миланело“, додава Кеси кој ќе мора да оди вистински маратон бидејќи од „Џузепе Меаца“ до спортскиот центар на „росонерите“ има 42 километри.