Дома Фудбал Интересна клаузула во договорот: Суарез на лето може да го напушти Атлетико

Интересна клаузула во договорот: Суарез на лето може да го напушти Атлетико

Луис Суарез минатото лето ја напушти Барселона и потпиша двегодишен договор со Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Суарез како слободен агент пристигна во Атлетико, а во договорот со „јорганџиите“ има неколку интересни клаузули, а една привлекува особено внимание, открива „Марка“.

Имено, според клаузулата Суарез може без обештетување да го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната.

Меѓутоа, 34-годишниот Уругваец нема намера да ја активира таа клаузула, бидејќи одлично се вклопи во Атлетико и моментално е прв стрелец во Примера.

На Суарез му се допаѓа работата со Диего Симеоне и постигна 16 гола на првите 17 меча во Примера, па тимот е на добар пат за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …