Дома Фудбал Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми испраќаше бакнежи и ми намигнуваше

Инсиње: Тренерот на Лајпциг ми испраќаше бакнежи и ми намигнуваше

Наполи во вчерашниот натпревар против германски Лајпциг на гостински терен славеше со победа од 0:2, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза.

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње по оваа средба беше посебно лут, иако одигра одличен натпревар.

Инсиње учествуваше во двата погодоци на Наполи. Првиот го намести, а вториот и самиот го постигна. Лајпциг се пласираше во следната фаза поради гостинскиот гол во првата победа од 1:3.

По натпреварот Инсиње се пожали дека бил провоциран од помошникот тренер на Германците.

„Помошникот тренер на Лајпциг ме провоцираше во текот на натпреварот. Ми испраќаше бакнежи и ми намигнуваше. Се потсмеваше, немаше почит кон противникот. Дефинитивно претера“, изјави Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …