Италијанскиот фудбалер Лоренцо Инсиње ќе го напушти Наполи по крајот на сезоната и ќе се пресели во екипата на Торонто.
Инсиње по 12 години заминува од Неапол затоа што доби подобри финансиски услови од тимот од Канада, па така тој ќе стане најплатен Италијанец во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанецот ќе заработува 11,5 милиони евра по сезона, а повеќе од него во историјата имаат заработувано Стефан Ел Шарави, кој доби 16 милиони евра од Шангај Шенхуа и Грацијано Пеле, кој доби 15 милиони евра од Шандонг.
Торонто ќе биде петти тим во кариерата за Инсиње, кој играше уште и за Кавезе, Фоџа и Пескара на позајмица од 2010 до 2012 година.