Легендарниот бразилски фудбалер, Адријано емотивно ја прими веста дека неговото име ќе се најде на страната на славните на „Маракана“.
Адријано ќе биде 123 спортист и вкупно 104 фудбалер чие име ќе биде испишано на стазната на најпознатиот бразилски стадион. Неговото име ќе биде покрај она на Пеле, Гариче, Ромарио, Роналдо, Еусебио…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу сум возбуден…Од кога знам за себе, тоа беше мојот сон. Би сакал мојот татко да беше жив да го видеше ова“, изјави 39 годишниот Адријано.
На социјалните мрежи тој објави фотографии од моментот кога дознава дека неговото име ќе се најде помеѓу избраните на „Маракана“.