Дома Останати Тенис Името на Ѓоковиќ употребено во огромна измама

Името на Ѓоковиќ употребено во огромна измама

Интернет и социјалните мрежи во последните години се широко распространети, а неретко се случува да биде искористен за разни измами, во таква измама сега е вклучено името на Новак Ѓоковиќ.

Адвокатот на српскиот тенисер се огласи во јавноста и порача дека во последните денови на социјалните мрежи се појавиле голем број лажни изјави на Ѓоковиќ во врска со крипто-валутите.

„Деновиве на социјалните мрежи се појавија огромен број интервјуа и лажни изјави на Ѓоковиќ поврзани со крипто-валутите. Ова не е шега и станува збор за сериозна измама, сторителите засега се непознати и очекуваме брзо да се најдат и да си ја добијат казната“, изјави адвокатот на Ѓоковиќ, Горан Драганиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Губеше со 0-2 во сетови и 0-3 во решавачкиот сет, а потоа следеше чудо!

Губеше два сета и 0:3 во одлучувачкиот сет, а тогаш Франсис Тијафо направи вистинско тенис…