Дома Фудбал Има 60 години, потпретседател е на државата, ограбувал банки, татко е на 50 деца и фудбалер

Има 60 години, потпретседател е на државата, ограбувал банки, татко е на 50 деца и фудбалер

Потретседателот на Суринам Рони Брунсвијк е сопственик на фудбалскиот клуб Интер Моенготапое. Вчера не беше само сопственик, туку и играч кој го одигра целиот натпревар против Олимпија.

Овој податок не би бил толку посебен ако Брунсвијк нема веќе 60 години. Освен што е сопственик тој е и капитен на клубот. „Њујорк Тајмс“ пред неколку години објави интересен текст за неговиот живот.

Според описот на американскиот медиум, Брунсвијк во текот на животот во оваа мала јужноамериканска држава бил, фудбалер, бунтовник, баран крадец на на банки и татко на најмалку 50 деца.

Сепак, познат е и по неговата дарежливост, а ќе остане запаметен моментот кога од хеликоптер фрлаше пари на сиромашните жители на Суринам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елшник отпадна за Скопје, Македонија ќе пречека ослабена Словенија

Повредата го отстрани Тими Макс Елшник од словенечкиот состав за завршните два натпревари …