Данецот Мартин Брејтвејт (32) повеќе не сака да игра за Еспањол, со кој оваа пролет испадна од Примера.
Вчера данскиот напаѓач си ги собрал работите и доброволно го напуштил кампот во Марбела.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од тој момент му се губи трагата и челниците на шпанскиот клуб не можат да дојдат до него.
Данецот се обидува да изнуди раскин на договорот кој е до летото 2025 година, а шпанските медиуми тврдат дека можна опција е и паузата во кариерата.
Брејтвејт пристигна во Еспањол од Барселона, за која настапуваше од февруари 2020 до септември 2022 година.
Во својата кариера играше и за Есбјерг, Тулуз, Бордо, Мидлсброу и Леганес и е еден од најбогатите фудбалери во светот.
Според Форбс, вредноста на неговата компанија се проценува на над 250 милиони евра.
Основал компанија со еден член на семејството, а се занимаваат со недвижен имот во САД, но и во остатокот од светот.