Јувентус катастрофално ја започна сезоната, па раководството на „старата дама“ сериозно размислува за тренерска смена.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека поранешниот тренер на Сасуоло, Де Џерби е главен кандидат за заменик на Алегри.
Алегри има долг договор со „бјанконерите“, но раководството размислува да му врачи отказ по серијата на лоши резултати, особено во Лигата на шампиони.
Во моментов Де Зерби е слободен, откако пред неколку месеци го напушти Шахтјор поради војната во Украина.
Неодамна Де Зерби ја одби понудата на Болоња, а Јувентус секако за него би бил најголем предизвик во кариерата.