Дома Топ вести Има само еден начин Зидан да остане во Реал Мадрид

Има само еден начин Зидан да остане во Реал Мадрид

Во јануари Реал Мадрид беше елиминиран од два различни турнири и на тој начин „кралевите“ ја загубија можноста за тројна круна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетик Билбао го победи Реал во Суперкупот, а потоа тимот на Зидан беше елиминиран од Купот од третологашот Алкојано.

И во Примера исто така Реал се наоѓа во резултатска криза, па после поразот на Леванте заостанува цели 10 бода зад лидерот Атлетико, кој има и натпревар помалку.

Сега сите надежи за трофеј „кралевите“ ги имаат во Лигата на шампиони, а тоа може да биде и спасот за Зинедин Зидан. Само со триумф во најпрестижното натпреварување Зизу може да си го зачува тренерското место, пренесува „АС“.

Шпанските медиуми се сигурни дека Зидан и Реал Мадрид ќе се разделат на крајот на сезоната ако „кралевите“ не успеат да триумфираат во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Селекторот на Португалија збесна на прашање од новинарите пред натпреварот со Хрватска

Подготвување за Хрватска: Тренерот на Португалија ја загуби трпеливоста на прашањето од но…