Францускиот стратег, Арсен Венгер откри дека добил повеќе понуди за продолжување на кариерата откако што објави дека ќе го напушти Арсенал.
На Венгер му останаа уште два натпревари на клупата на „топчиите“, а потоа ќе го напушти клубот во кој беше 22 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имам голем број на понуди, повеќе од што можем да замислам. Но, не размислив ниту за една, бидејќи сакам прво да ја завршам работата со Арсенал, да работам како што треба до последниот ден од договорот“, изјави Венгер.
Тој потврди дека ќе ја продолжи кариерата во фудбалот и по Арсенал.
„Сигурно дека ќе продолжам да работам. Мојот мозок бара работа, да бидам активен. Имам огромно искуство во тренерската работа и сакам да работам и понатаму. Што точно ќе работам? Е, тоа се уште не знам“, додаде Венгер.