Дома Фудбал Има една голема желба: Буфон откри кога ќе биде спремен да се пензионира

Има една голема желба: Буфон откри кога ќе биде спремен да се пензионира

Легендарниот Џанлуиџи Буфон и понатаму е активен на фудбалските терени, а сега откри кога би бил подготвен да каже „крај“.

Буфон има 45 години и денес брани за Парма каде што и ја започна кариерата, за потоа да премине во Јувентус и да стане легенда на клубот од Торино. Имаше Буфон и кратка авантура во ПСЖ.

Парма сега се натпреварува во Серија Б и Буфон порача дека посакува да се пензионира со враќање на Парма во Серија А.

„Во мене се уште има енергија како и претходно. Можеби ќе се повлечам кога Парма ќе се врати во Серија А, тоа е моја голема желба и би било исполнување на сонот“, истакна Буфон.

Во овој момент Парма се наоѓа на седмата позиција со реални шанси да влезе во плеј-офот за место во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бредфорд се потсети на 2013: Со 2-0 до четвртфиналето во Лига купот!

Гилеспи и Филипс го решија Питерборо, а Бредфорд првпат по походот до „Вембли“ во 2013 год…