Дома Македонски спорт Мак баскет Илиевски потпиша за Работнички

Илиевски потпиша за Работнички

Поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски, потпиша едногодишен договор со тимот на Работнички.

Двете страни во договорот вметнаа клаузула според која искусниот бек може да ја напушти екипата од Градски Парк до крајот на годината.

Илиевски минатата сезона ја мина во италијанското првенство во Орландина, а во кариерата има настапувано за голем број на тимови меѓу кои Партизан, Олимпија, Барселона, Лотоматика Рим, Монтепаски Сиена, Анадолу Ефес, Локомотив Кубан, Цедевита…

Илиевски беше дел од репрезентацијата на Македонија, која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вилдоза: Полесно ми беше да заминам во Олимпијакос отколку да го облечам дресот на Партизан

Аргентинскиот бек објасни зошто доаѓањето во Партизан му било необично по настапите за Црв…