Дома Останати Кошарка Илиевски потврди: Ќе се кандидирам за претседател

Илиевски потврди: Ќе се кандидирам за претседател

ilievski

Човекот кој беше дел од „златната“ генерација на Европското првенство каде што ја постигнаа онаа тројка против Литванија на која сите се сеќаваме, Владо Илиевски, ќе се кандидира за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Владо Илиевски за македонскиот портал „Фокус“ ги потврди информациите за неговата кандидатура.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Точно е, ќе се кандидирам за претседател на МКФ имам навистина голема желба и понатаму да работам за македонската кошарка. Иако знам дека сите работи кај нас се одвиваат бавно, се надевам дека овој пат тоа нема да биде случај. Македонија сигурно дека има потенцијал, некогаш имавме полни сали, но потребна е мотивација, но и работа, само така можеме да ги поправиме работите“, изјави помеѓу другото Владо Илиевски, за „Фокус“.

Илиевски во продолжение зборуваше за негови однос со сегашниот претседател Петар Наумовски.

„Според моите информации Наумовски знае за моите планови, јас сум човек кој никогаш не би работел на некого зад грб, па така ниту на човекот кој навистина го почитувам. Наумовски е и мој колега кој навистина дал многу за кошарката во Македонија, но колку што јас знам тој сега се подготвува да отвори своја кошаркарска академија во Аеродром, под името „Академија Наумовски“, зборуваше македонскиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …