По се изгледа Мауро Икарди и следната сезона ќе го носи дресот на Интер, бидејќи двете страни се блиску до потпишување нов договор.
Икарди игра фантастична сезона, многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, пред се Реал Мадрид, на „нероаѕурите“ беа приморани да му понудат нов, финансиски подобар договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, Интер се плаши дека некој клуб би можел да ја активира откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра, па сака да ја ревидира истата во новиот договор.
Аргентинецот моментално заработува 5,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 7.5 милиони кои со бонуси можат да достигнат и 8 милиони евра.
Тоа значи дека Интер ќе го направи Икарди најплатениот фудбалер во Серија А, бидејќи во моментов најплатени се Игуаин и Дибала со 7 односно 7,5 милиони евра по сезона.
Секако клаузулата во неговиот договор ќе биде значително повисока и ќе изнесува околу 200 милиони евра.