Дома Фудбал Италија Икарди самоиницијативно оди на операција – сезоната за него е завршена!?

Икарди самоиницијативно оди на операција – сезоната за него е завршена!?

„Сапуницата“ помуѓу Интер и Мауро Икарди продолжува, па сега италијанските медиуми откриваат нови интересни детали.

Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, Мауро Икарди размислува да го оперира коленото со што практично ќе стави крај на сезоната и ќе се врати на терените дури на есен.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Откако му беше одземена капитенската лента, Икарди одбива да игра за Интер, а оправдувањата се дека има болки во коленото. Раководството на „нероаѕурите“ реши да го однеси напаѓачот на детални прегледи, кои не покажаа промени и повреда на коленото.

Иако медиумите после тоа побрзаа да објават дека Аргентинецот глуми повреда само за да не игра, сепак „Кориере“ открива дека напаѓачот со месеци играл со инекции против болки, и повеќе нема намера да го прави тоа.

Според сегашните информации Икарди ќе биде на клупскиот режим за опоравување до 7-ми март, а потоа повторно ќе му бидат направени детални прегледи. Доколку и тогаш не се чувствува подобро самоиницијатнивно ќе оди на операција што автоматски ќе значи крај на сезоната за него.

Ваквиот став на аргентинецот ги поттикна италијанските медиуми да шпекулираат дека Икарди веќе го одиграл последниот натпревар за Интер на 9-ти февруари против Парма.

Раководството сака да го задржи и спреми понуда за нов договор, но според последните информации Икарди не е задоволен од финансиските услови и најверојатно ќе ја одбие понудата.

Поради тоа Интер веќе размислува за негова замена и направи список на можни засилувања (види ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Газдата на Рома купува премиерлигаш!

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, постигна договор со мнозинскиот сопственик на Евертон, …