Дома Фудбал Лига на шампиони Икарди против Барселона ќе „брка“ достигнување на „Императорот“

Икарди против Барселона ќе „брка“ достигнување на „Императорот“

Капитенот на Интер направи нешто што му успеало само на легендарниот Бразилец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер одлично стартуваше во Лигата на шампионите и после две кола имаа шест бодови и се наоѓаат во добра позиција да остварат пласман во наредната рунда.

Икарди беше стрелец во натпреварот против Тотенхем, како и вчера против ПСВ, а не треба да се заборави дека ова е прва сезона за Аргентинецот во Лигата на шампионите.

Последниот играч на Интер кој бил стрелец на првите два натпревари во Лигата на шампионите беше Адријано кој тоа го направи во сезоната 2004/05.

„Императорот“ тогаш имаше нешто подобар учинок, постигна три гола, два против Вердер и еден против Андерлехт.

Потоа Адријано беше стрелец и против Валенсија, па така на првите три натпревари постигнуваше погодоци, за Икарди да го повтори неговиот учинок потребно е да постигне гол против Барселона во наредното коло.

https://www.youtube.com/watch?v=Jkrv8gMxViE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…