Дома Фудбал Италија Икарди: Не сме далеку од Јувентус

Икарди: Не сме далеку од Јувентус

Интер вчеравечер го декласираше Лацио со 0:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ со оваа победа избија на втората позиција на табелата, а херој на екипата од Милано повторно беше одличниот Мауро Икарди.

Икарди на „Олимпико“ постигна два погодоци и така стигна до бројката од шест гола во последните четири натпревари во Серија А.

Аргентинецот е во одлична форма за која и самиот е свесен, а после натпреварот зборуваше и за трката со Јувентус.

„Поминувам низ период на добра форма, заедно со Интер. Играме добро, ако го изоставиме натпреварот против Барселона, сакаме да продолжиме и уште подобро. Не сме анти-Јувентус, ни недостасуваат неколку чекори да ги стигнеме, но среќни сме со она што го правиме. На вистински пат сме, сакаме така и да продолжиме“, изјави Икарди после натпреварот против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…