Дома Фудбал Италија ИКАРДИ: „Некој премногу зборува на социјалните мрежи…“

ИКАРДИ: „Некој премногу зборува на социјалните мрежи…“

Напаѓачот на Интер, Муаро Икарди изјави дека ниту во еден момент не бил загрижен за својата форма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во победата од 2:1 над Фироентина, Аргентинецот го постигна водечкиот гол од пенал, а потоа му асистираше на Д`Амбрози за одлучувачкиот гол. Икарди постигна 53 гола во претходните две сезони, но сега за првиот гол во Серија А мораше да почека до петото коло.

„Се уште има многу работа пред нас, но тоа го прифаќаме и мораме да напредуваме од недела во недела. Кога станува збор за недостатокот на моите голови, едноставно има некои луѓе кои премногу зборуваат на социјалните мрежи. Јас сум опуштен. Не дадов гол четири натпревари и почнаа да пишуваат, но јас сум смирен, постигнав 120 гола во кариерата и не сум загрижен.“, изјави Мауро Икарди.

„Екипата се подобри во многу аспекти, особено во смисла на менталитетот и карактерот. Подобри сме и физички“, изјави тренерот Спалети.

Во шестото коло Интер во сабота ќе се сретне со „Каљари на својот стадион од 20:30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…