Дома Трансфер зона Икарди му даде рок на Јувентус: Ќе ја чека „старата дама“ до 10-ти август!

Икарди му даде рок на Јувентус: Ќе ја чека „старата дама“ до 10-ти август!

Мауро Икарди е надвор од плановите на Антонио Конте за новата сезона и не отпатува со тимот на Интер на турнејата во Азија.

„Нероаѕурите“ потвдија дека Икарди е на продажба и дека чекаат понуди, а Аргентинецот сака да се пресели во редовите на Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Икарди и неговиот менаџер Ванда Нара се во постојан контакт со „бјанконерите“, но на Јувентус не му се брза бидејќи сака неговата цена додано да се намали кон крајот на преодниот рок.

Меѓутоа, Икарди сака неговата иднина што побрзо да се реши, па италијанските медиуми тврдат дека му дал рок на Јувентус до 10-ти август.

Ако не биде завршен трансферот до тој датум, тогаш голгетерот ќе започне преговори со други клубови, а најсериозен интерес покажува Наполи.

„Нероаѕурите“ за неговата слобода бараат 60 милиони евра, додека Јувентус не сака да плати повеќе од 45 милиони евра.

Икарди е надвор од тимот и не сака да помине уште една година на трибини, па доколку не се комплетира трансферот во Јувентус до 10-ти август, ќе започне преговори со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…