Мауро Икарди синоќа во победата на Интер над Каљари со 4:0 во 33. коло од Серија А го постигна својот 25. погодок.
Во 185 настапи во Серија А, Икарди постигна 106 погодоци, а со 25. погодоци во оваа сезона стигна до личен рекорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот играч на Интер кој успеал да постигне 25 голови во една сезона беше Роналдо во сезона 1997/98 година, а потоа во сезона 2008/09 и Ибра стигна до оваа бројка.
И после се, апсурдно е, барем по пишувањата на аргентинските медиуми, Мауро Икарди да не патува на СП со репрезентацијата.
Икарди за титулата најдобар стрелец во Серија А е во борба со Чиро Имобиле кој е водечки стрелец со два гола повеќе.