Навивачите на Арсенал се надеваа дека некои играчи ќе заминат по крајот на сезоната, а еден од нив е Давид Луиз, кој пристигна во Арсенал од Челси.
Имено, според навивачите на Арсенал, неколку играчи на клубот не прикажуваат добри игри, а еден од нив е и Бразилецот Луиз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, така не размислува и тренерот Арсенал, Микел Артета, кој изјави дека се надева дека овој играч ќе го продолжи договорот.
„Задоволен сум од Давид Луиз. Сакам да го задржиме овде со нас. Имаше клучна улога од моментот кога пристигнав тука.“ – изјави Артета.
Наводно, Арсенал и Луиз се многу блиску до продолжување на договорот на уште една сезона, што секако нема да и се допадне на навивачите на овој клуб.