Дома Останати Изненадување на Вимблдон: Чилиќ прокоцка предност од 2:0 и се враќа дома

Изненадување на Вимблдон: Чилиќ прокоцка предност од 2:0 и се враќа дома

Најдобриот хравтски тенисер Марин Чилиќ неочекувано го заврши својот настап на Вимблдон уште во 2-то коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако во дуелот со Аргентинецот Гвидо Пела имаше водство од 2:0, сепак на крајот Чилиќ дозволи 82-от играч на светот да ги добие наредните три сета.

Аргентинецот важеше за аутсајдер на хартија, но направи огромен подвиг и се врати по два сета негатива. Во третиот сет, Пела направи брејк за 3-4 и се врати на 2-1, додека во четвртиот, Чилиќ имаше предност од 1-3, но Пела возврати со брејк и го доби сетот во тај-брејк (7-3). Во петиот сет направи бејк во последниот гем и го доби до 7:5.

Пела во третото коло ќе игра со Мекензи МекДоналд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…