Иако во татковината го обожаваат за него нема место кај Роберто Мартинез!
Како што пренесуваат медиумите во Белгија, Раџа Наинголан нема да се најде на списокот патници во Русија!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мартинез смета дека Раџа е „десетка“, а не „box to box“ играч кој може да покрива поголем дел од теренот. Белгија ќе игра во формација 3-4-3 без вистинска „десетка“ бидејќи тука е Де Брујн како модерен плејмејкер. Покрај тоа Наинголан не е омилен кај селекторот и поради неговиот карактер“, објасни новинарот Кристоф Теур.
Интересно е што Наинголан изјави дека ова е негова последна шанса да отпатува на едно Светско првенство бидејќи наполни 30 години, но тоа изгледа нема да се случи. Неговото место би требало му припадне на Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед.
Не треба да се заборави и дека Мартинез го изостави Раџа на седум од 10 натпревари во квалификациите за Мундијалот.